Поднесена жалба против пресудата за една од обвинетите во случајот со лекувањето на Тамара Димовска

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против една од обвинетите во случајот со лекувањето на девојчето Тамара Димовска од Велес.

– Постапувајќи по поднесениот обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Скопје, а по барање на обвинетата, поради здравствени причини, Судот ја раздвои постапката против неа и донесе првостепена пресуда со која ја огласи за виновна и изрече алтернативна мерка – условна осуда со која утврди казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетата во рок од три години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, наведоа од ОЈО.

Од Обвинителството посочуваат дека во жалбата надлежниот јавен обвинител оценува дека првостепениот суд правилно ја оценил фактичката состојба кога нашол дека кај дејствијата на обвинетата се содржани елементите на кривичното дело несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Но, изречената кривична санкција, според Обвинителството, не е адекватна на стореното кривично дело и не води до остварување на целите на казнувањето, во смисла на специјална и генерална превенција на ваков вид кривични дела.

– Од тие причини, надлежниот јавен обвинител побара од Апелациониот суд Скопје да ја уважи жалбата и да ја преиначи пресудата во делот на одлуката за кривична санкција, па на обвинетата да ѝ изрече построга санкција, посочија од ОЈО.

Во предметот за лекувањето на девојчето Тамара Димовска, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлогдо Основниот кривичен суд Скопје  против вкупно 12 лица за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството постапуваше по предметот оформен по допрен глас, кон кого подоцна беше припоена и кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права и законскиот застапник на оштетеното дете, сега починатата Тамара Димовска од Велес.

– Како резултат на многубројните спроведени истражни дејствија во една темелна и сеопфатна преткривична постапка, беше утврдено дека обвинетите пет члена од Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, во рамките на Фондот за здравствено осигурување го донеле првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска. Мислењето дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Република Македонија тие го донеле по истекот на законски предвидениот рок и спротивно на мислењето на Стручниот конзилиум на УК ТОАРИЛУЦ. Постапувајќи по ваквото мислење, двајца од обвинетите во својство на директори на ФЗО донеле решение со кое барањето за лекување во странство се одбива како неосновано. Истото решение било потврдено и од обвинетите членови на Второстепената лекарска комисија, а конечно потпишано од обвинетото лице во својство на претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, без притоа да се одржи седница на Управниот одбор, наведоа од ОЈО.

Против останатите 11 обвинети лица, кривичната постапка пред Основниот кривичен суд Скопје продолжува и е во фаза на доказна постапка, при што се изведуваат доказите по предлог на одбраната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Адвокат во случајот за малата Тамара: Ова е пресврт во судењето, а ќе се докажува и трошењето на донациите наменети за лекување

Кристијан Ландов

Вработен во ФЗО: Мајката на Тамара кажа дека сака да биде медицински азилант, не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пет обвинети не дојдоа на судење за случајот со Тамара

Ана Ололовска

Поднесено обвинение против 12 лица за „несовесно работење“ за смртта на Тамара Димовска

Наум Локоски

Протест пред обвинителство: И Тодоров да одговара за смртта на Тамара

Ана Ололовска

Осомничени повеќе лица за случајот со Тамара Димовска

Ана Ололовска