Косовските партиски лидери не постигнаа договор за излез од кризата

Од:

Денешната средба на косовската претседателка Атифете Јахјага со лидерите на водечките партии во Косово заврши без да биде постигнат конкретен договор за излез од политичката криза, јавија приштинските медиуми.

– Не постои криза што може да се реши со насилство, солзавци или молотови коктели, изјави косовскиот премиер и лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа по завршувањето на средбата.

Тој оцени дека политичката криза мора да се реши единствено низ дилајог во косовското Собрание, додавајќи дека разговорите се „средство со кое се проширува суверенитетот на целата територија на Косово“.

Политичката криза во Косово ескалираше откако трите водечки опозициски партии започнаа протести со цел да го спречат формирањето на Заедницата на српски општини, која според нив ќе „наликува на Република Српска во БиХ“.

Мустафа ги отфрли ваквите тврдења, нагласувајќи дека Заедницата на српските општини ќе биде формирана во согласност со законите и Уставот на Косово.

Како што јави Танјуг, освен Мустафа на средбата со Јахјага присуствуваа и шефот косовската дипломатија и прв човек на Демократската партија на Косово (ПДК), Хашим Тачи, како и лидерите на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, претседателот на Српската листа (СЛ), Славко Симиќ и челникот на Демократската партија на Турците на Косово (КДТП), Махир Јагџлар.

Во својство на набљудувачи на средбата присуствуваа и шефот на Канцеларијата на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар и американскиот амбасадор во Косово, Грег Делавие.

Според косовската опозиција единствен излез од кризата е одржување на предвремени парламентарни избори. Трите водечки опозициски партии во Косово му дадоа рок на премиерот Мустафа до 17 февруари да поднесе оставка и да закаже предвремени избори и се заканија дека доколку тоа не се случи, секој ден ќе одржуваат протести.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот