Новите пратеници од победничката партија во Мјанмар, Национална лига за демократија (НЛД) имаат обврска една четвртина од платите да ја даваат за потребите на партијата.
Со убедливата победа од над 80 отсто гласови на изборите лани во ноември, НЛД на Аунг Сан Су Ќи освои 886 пратенички места во дводомниот и во регионалните парламенти во Мјанмар.
Пратениците од двата парламентарни состави на сојузно ниво во Мјанмар имаат месечна плата од милион кјати (околу 800 долари ), а во регионалните домови платата е двојно помала.
Средствата ќе бидат користени за изнајмување или градба на простории за активности на НЛД, чии изборни штабови во подготвувањето на изборната кампања најчесто работеле во станови на активистите на партијата.