Според податоците на јужнокорејското разузнување, Северна Кореја се подготвува за петата нуклеарна проба, информира агенцијата Јонхап, цитирана од ТАСС.
Пјонгјанг во 2006, 2009 и 2013 година изврши по еден нуклеарен тест. Во врска со тоа Советот за безбедност на ОН, како и САД, Јапонија и Јужна Кореја на билатерална основа воведоа различни санкции проив Северот.
За Пјонгјанг овие санкции се „неефикасни“, затоа што економијата на земјата е „самодоволна“, забележува ТАСС.
Последниот, четврти нуклеарен тест, Северна Кореја го изврши годинава. На 6 јануари Пјонгајнг прогласи успешно изведен тест со хидрогенска бомба.
Денеска севернокорејските државни медиуми јавија за успешно истрелување ракета носач на сателит во орбитата околу земјата.