Индонезија, Малезија и Тајланд воведоа ембарго на извоз на сиров каучук

Од:

Индонезија, Малезија и Тајланд, кои произведуваат 67 отсто од природниот каучук во светот, денеска решија најмалку до крајот на август да го забранат извозот на оваа значајна индустриска сировина.

Причина е драстично намалената цена на сировиот каучук, која од 2011 година, па досега, паднаа за 70 проценти. Килограм сиров каучук сега на берзите чини само 1,32 долари.

Фабриките што употребуваат каучук вон овие три држави ќе почувствуваат недостиг од најмалку 615.000 тони од овој природен материјал.

Индонезија, Малезија и Тајланд се договориле ембаргото на извоз да се искористии како повод за зголемување на локалната преработка на сировиот каучук, а производите да се користат за модернизација на инфраструктурата, или да се чуваат како државни резерви.

Иако за изработка на голем дел од индустриските производи сега наместо сиров каучук се користат синтетички материјали, има области каде што прродниот каучук е незаменлив.

Своевидниот притисок за зголемување на цените на оваа сировина, според министерот за трговија на Индонезија, Карјанто Суприх е единствената можност да не биде потценувано производството.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски