Ахмети: Нема коалиција со ДПА, на избори одиме сами

Од:

Aли Ахмети од Швајцарија порача дека нема колаиција со ДПА, и на изборите ќе настапат самостојно.Но ги повика да гласаат за кандидатите на пратијата која има мнозинство Македонија, за како што вели да не се губат гласовите албанците.

„ Во целина на избори ќе одиме сами. Би било добро на оние места каде Албанците се малицнство, да се обединат нивните гласови, како во Битола, Крушево и Велес. Поделбите таму не се потребни, зашто немаат значење. Сакам да кажам, или ќе добиеме еден советник или не добиваме ни еден. Но, доколку сме заедно може да имаме три до четири советници. Сме имале тројца советници во Охрид, сега немаме ни еден, бидејќи албанскиот глас беше распарчен и стана безначаен. Треба да бидеме реални, нам на Албанците не ни требаат многу партии“ изјави Ахмети, во интервју за порталот на албански јазик Албинфо.

Ахмети, со партиска делегација  е во работна посета на Швајцарија, и ги повика и иселениците да гласаат, бидејќи нивниот глас вредел многу, особено, како што вели историската шанса Кичево да добие  градоначалник-албанец.

Би можело да ве интересира

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик