Барокни канделабри го красат плоштадот „ВМРО“ во Скопје, каде што се наоѓа седиштетот на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Иако се изработени од метал со различни елементи, треба да потсетуваат на резба и имитираат барокен стил.
Но, несвојствено за омилениот на власта „барок“, на секоја од овие канделабри изгравиран е натпис „Слобода или смрт за Македонија“, натписот е придружен и со изгравирани пиштол и кама.
„Стилизираните“ канделабри ги изработила фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци.
За плоштадот „ВМРО“, досега се потрошени околу 1,7 милиони евра.