ВМРО-ДПМНЕ со предлог МРТ да има еден провладин и еден опозициски директор

Од:

Владеачката партија на вчерашните преговори со олеснувачот Питер Ванхауте доставила предлог мерки за медимите, во кој иако до избори има помалку од сто дена, тие предложиле на 100 дена пред избори Македонската Радио телевизија да добие двајца директори, едниот да биде предложен од власта, а другиот од опозицијата, како и да се намалат казните за медиумите, советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми да остане со седум члена како досега, од кои двајца ќе предложи ЗНМ, двајца МАН, а по еден член ќе предложат МАНУ, Адвокатската комора и од Универзитетите.

ВМРО-ДПМНЕ излегле со предлог медиумски простор партиите да добијат според резултатите од претходните избори, но тоа да биде само за вестите, а не за целокупната информативна програма и интернет порталите да прераснат во Трговски друштва, а доколку не го сторат тоа, нема да се сметаат медиуми. Во врска со финансирањето на МРТ, тие бараат да остане комбинирано, дел од буџетот, дел од радиодифузната такса. ВМРО-ДПМНЕ бараат и закон за владино рекламирање, од државниот буџет наместо 0,14 отсто за Македонската Радио телевизија да се одвојуваат 0,17 отсто, а организацијата да биде според комбиниран словенечко-белгиско-германски модел.

Според СДСМ, вчера воопшто не се разговарало за избирачкиот список и за начинот на неговото прочистување, а партиите не се ни малку блиску до заеднички договор, бидејќи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се целосно различни од оние на опозицијата и на олеснувачите на преговорите.

Тие брифираат дека вчера на преговорите се приклучил и Никола Тодоров кој ги читал предлозите на партијата, а тие биле напишани на лист хартија без објаснување што значат предлозите.

ВМРО-ДПМНЕ исто така не сакале невладините организации да учествуваат во ниту една точка од преговорите, за разлика од олеснувачите и СДСМ, чии предлози се невладините организации да го одберат советот на МРТ и советот да биде менаџер на МРТ, а директорот да биде само потписник.

ВМРО-ДПМНЕ треба денеска да ги достави предлозите за медиуми до олеснувачот на преговорите, Питер Ванхауте, а во 17:30 да продолжат преговорите каде ќе се дебатира за сите доставени предлози.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски