Спасески оствари средба со претставник од Непалската планинарска федерација

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денес оствари средба со Чурим Шерпа претставник на Непалската планинарска федерација.

На средбата се разговараше за соработка околу реализација на проектите на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, кои првенствено се однесуваат на поддршка на македонските експедиции насочени кон остварување на плановите за настапи на највисоките планински врвови.

Директорот Спасески ја информираше гостинката за успесите на македонските планинари во искачувањето на Монт Еверест највисокиот врв на светот со висина од 8.850 метри, во периодот од независноста на Република Македонија и тоа започнувајќи со првиот успех преку Димитар Илиевски – Мурато и продолжувајќи со успесите на д-р Глигор Делев, д-р Сашко Кедев, Илина Арсова и Здравко Дејановиќ.

Чурим се заблагодари за приемот во Агенцијата за млади и спорт, најавувајќи следна средба летово на која се планирани и предавања со наши планинари и промоција кон учество на женската популација во планинарење.

Инаку Чурим е професионален водич, сопственик на Агенција за пешачење, советување, помош и реализација на високо горски искачувања на Непал и Гинисов рекордер со две искачувања на Монт Еверест за една недела.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска