Кошаркарите на Црвена Звезда остварија очекувана победа против екипата на Металац во натпревар со кој беше комплетирано 20.коло во АБА лигата.
На средбата одиграна синоќа во Белград, црвено-белите славеа со 86-74 по четвртини 22:11, 19:17, 23:20 и 22:26 .
Немања Дангубиќ со 17 поени бепе најефикасен во редовите на победничката екипа, додека кошарот на Металац, Ѓорѓе Мајсторовиќ со 23 поени беше најефикасен на натпреварот.
Со оваа победа Цвена Звезда се проби на второто место на табелата со 15 победи и 5 порази колку што има и второ рагнираната цедевита, односно три победи помалку од лидерот Будуќност.
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром кој во оваа рунда беше поразен од Цибона со 68:62, е на седмото место како предводник на групата од пет тима кој имаат „скор“ од 8 победи и 12 порази.