Екипите на Будуќност и Партизан забележаа победи во натпреварите од 20. коло на регионалната кошаркарска АБА лига, одиграни синоќа.
Лиредот Будуќност пред својата публика во Посгорица ја совлада Унион Олимпија 89:77, додека Партизан како гостин во Словенија славеше над Крка со 75:70.
Претходно, МЗТ Скопје на гостувањето во Загреб, кај Цибона загуби со 68:62.
За денеска се закажани средбите, Мега Лекс – Тајфун и Задар – Цедевита.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот Црвена Звезда – Металац.
Табела: Будуќност 18-2 (победи-порази), Цедевита 15-4, Црвена Звезда 14-5, Мега 12-7, Цибона 9-11, МЗТ Скопје Аеродром 8-12, Игокеа 8-12, Партизан 8-12, Крка 8-12, У. Олимпија 7-13, Металац 8-11, Задар 8-11, Сутјеска 7-13 и Тајфун 7-12.