Хан се дообјаснува: Суштината на процесот е поважна од датум за избори

Од:

За еврокомесарот Јоханес Хан суштината и содржината на политичкиот процес, кој произлегува од договорот од Пржино, е поважна од догматско држење до датумот за избори, велат за Алсат-М од кабинетот на еврокомесарот во појаснување на неговите позиции по вчерашните разговори во Скопје.

Со оглед на тоа што една од 4-те партии и дел од граѓанските организации сметаат дека не се можни фер и демократски избори во април, тоа треба да се земе предвид и лидерите на 4-те партии треба да седнат и да се договорат за датумот за избори.

За еврокомесарот Хан, како што велат од неговиот кабинет, е важна и посветеноста на сите 4 партии на договорот од Пржино во целина, независно од датумот за избори. За ова Хан добил уверување од сите лидери. Еврокомесарот сака да види избори со учество на сите 4 партии и ќе продолжи да го поддржува процесот што ќе обезбеди фер и демократски процес.

За Хан, велат од неговиот кабинет, е важно да се прочисти избирачкиот список и да се обезбеди рамноправна медиумска можност за сите учесници на изборите да ја презентираат својата понуда, а граѓаните да имаат пристап до точно и објективно информирање. Комесарот, велат од неговиот кабинет, повторно ќе дојде во Македонија, а во меѓувреме дава целосна поддршка на олеснувачката мисија на Питер Ванхауте.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски