Мачни преговори во Пржино, ВМРО-ДПМНЕ не сака одлoжување на изборите

Од:

Повеќе од седум часа нема никаков резултат од преговорите во Пржино, владеачката партија одбива одложување на изборите, но истовремено не нуделе гаранции дека до 24 април може да се прочисти списокот. Од СДСМ биле со став, дека мора да има гаранции за чист избирачки список и гаранции за минимум професионално известување, што е прифатливо и за меѓународната заедница.

przinkameri (2)

Според информациите на А1он, странските претставници во моментов ја убедуваат ВМРО-ДПМНЕ да прифати одложување на изборите, со оглед дека не се исполнети условите за прочистување на избирачкиот список, и нема време тоа да се направи до 24 април. Аргументите се ставени на маса и според методологија се утврдува кога е можно најрано да има чист избирачки список и спроведени реформи во медиумите.

przinkameri (1)

Досега не е исполнет ниту условот кој се однесува за реформи во медиумите.

przinokameri (1)

Освен еврокомесарот Јоханес Хан, во Пржино се уште се наоѓаат и амбасадорот на САД, Џес Бејли како и олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте.

przinogaraza (1)

Во меѓувреме новинарите, откако некое време останаа на дождот пред резиденцијата на ЕУ, конечно им беа донесени два големи чадори, а потоа беше отворена и гаражата каде се засолнаа да го чекаат епилогот од вечерашните преговори.

przinogaraza (2)

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски