Саборот идниот петок ќе ја претстави новата хрватска Влада

Од:

Претседателот на Хрватскиот Сабор, академикот Жељко Реинер најави за во петок на 22 јануари, прво редовно заседание на новиот состав на Саборот, на кое мандатарот Тихомир Орешковиќ пред Парламентот ќе ја претстави својата нова Влада и нејзината програма.

Свикувањето на седницата во петок, кога би требало да се потврди и новата Влада на Република Хрватска и да се изберат одбори, Реинер ја објасни со цел да не се прават дополнителни трошоци, јави Хина.

– Одлучивме седницата да ја свикаме во петок за да се довршат сите усогласувања, бидејќи, ако ја свикавме во среда ќе можевме само да избереме одбор, а тоа би било трошок. Во овој момент мислам дека никој не се залага за зголемување на трошоците, изјави Реинер.

Според планот што го изнесе, седницата во петок ќе биде маратонска. Планот е, појасни тој, во петок прво да се именува Одборот за избор и именување, по што ќе следи состанок  на кој Одборот ќе може да ги предложи останатите саборски одбори, нивните лидери и составот кој кој  ќе биде усогласен овие денови. Можно е во петок да се изберат  и саборските делегации во меѓународните организации.

Потоа на Саборот ќе му се обрати мандатарот Орешковиќ кој ќе ја претстави програмата на владата. Потоа ќе има расправа, па гласање за доверба на Владата, наведе Реинер.

Се очекува имињата на петтемина потпретседатели на Соборот да се знаат идната недела.

– Во овој момент ниту едно име не е познато, нагласи претседателот на хрватскиот Сабор.

Саборот, најави тој, ќе продолжи да работи неделата по 22 јануари, ќе расправа за разни извештаи за 2014 година, кои не се изработени во поранешниот состав.

– Очекувам дека веќе ќе пристигнат и некои предлог закони, знам дека тие постојат, истакна академикот Реинер.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик