Декември потопол од просекот и без дожд

Од:

Температурите на воздухот во месец декември 2015 година биле повисоки од просечните до два степена, а во текот на месецот на ниту едно мерно место не се регистрирани врнежи, се наведува во редовниот месечен извештај на Управата за хидрометеоролошки работи при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Средните месечни температури на воздухот во текот на декември во Македонија се движеле од 0,8 целзиусови степени во Маврово до 6,8 степени во Гевгелија, а измерените вредности се повисоки од просечните до два степена.

Средните месечните температури се движеле околу 1,3 степени во Битола, 2,5 степени во Крива Паланка и Прилеп, 2,7 степени во Демир Капија, 3 во Штип и Струмица, 3,3 степени во Скопје.

Заради големиот број ведри денови и мала облачност, средните максимални температури биле над просечните вредности, а средните минимални температури во рамките на просечните вредности или малку пониски. Мерењата покажуваат дека на мерните места апсолутните екстремни вредности на температурата на воздухот не се надминати.
Информацијата е изготвена според мерењата и податоците од главните метеоролошки станици на метеоролошкиот набљудувачки систем на Управата за хидрометеоролошки работи, за период од 1951 година до декември 2015 година.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска