Аунг Сан Су Ќи најави процес за траен мир во Мјанмар

Од:

Лидерот на победничката Национална Лига за демократија (НЛД) во Мјанмар, Аунг Сан Су Ќи на отварањето на петтдневната Национална мировна конференција, што се одржува во администативната престолнина Нај Пји Тав, најави успешен процес за изнаоѓање на траен мир во државата, која над половина век ја потресуваат меѓуплеменски и меѓуетнички вооружени судири и востанија.

Су Ќи претседава со Националната конференција за помирување на која не дојдоа претставници на седум од 15 племиња, а на која треба да се договорат темели за промени на системот од досегашната военна управа во федерација во која ќе има доволно емократија за сите етнички групи.

Во првите проценки за можностите во Мјанмар да се оствари целосниот процес на помирување, аналитичарите посебно ја нагласуваат изјавата на вториот човек на мјанмарската армија, генералот Мин Аунг Хианг, кој вели дека верува во исполнувањето на целите на оваа мировна конференција.

Генералот Хианг нагласил дека се отворени вратите за племињата кои до сега не пристапиле кон мировниот договор.

Најголемиот проблем со кој ќе сочуваат Су Ќи и нејзините сопартијци, кои власта целосно ќе ја преземат во март, ќе биде помирувањето со припадниците на племето Рохингја, на чии над 1,3 милиони припадници досегашната воена управа не им ги признаваше ни основните човечки права. Припадниците на ова племе се сметаат за домородци во провинцијата Ракин, а властите тврдат дека се емигранти од Бангладеш.

Има недоволно потврдени податоци дека над 150.000 припадници на ова племе се убиени во судирите со армијата, од прогласувањето на независноста на Мјанмар во 1948 година, па досега.

Припадници на ова племе лани беа најбројни во бегалската криза во југоисточна Азија, која беше прогласеназа хуманитарна катастрофа.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска