Нападот во Истанбул на плоштадот Султанахмет е подол акт на насилство, кој уште еднаш ја потврдува потребата од обединување на напорите на целиот свет во борбата против тероризмот, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.
Тој ја изрази својата солидарност со Анкара, два месеци откако во Париз беа изведени серија терористички напади, во кои загинаа 130 лица.