(ВИДЕО) Ховит: Груевски мора да си поднесе оставка

Од:

Договорот од Пржино мора целосно да се имплементира, а тоа ја вклучува и оставката на премиерот, рече европскиот пратеник Ричард Ховит. Тој вели дека мора да постои теренска контрола, особено на струкурните реформи договорени со договорот од Пржино.

– Оваа недела исто така ќе видите комбинирана меѓународна дипломатија и притисок од ЕУ, од нашите пријатели и колеги во САД и од ЕП, а подоцна и од Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и секој од нас ја кажува истата работа на земјата и политичарите, дека единствената иднина се заснoва врз целосна имплементација на договорот во пржино. Тој договор не би бил целосно имплементиран ако ние не би биле тука, вели Ховит.

Европратеникот искажа загрижување по разговорот со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која кажала дека судовите го имаат опструирано процесот на предавање докази до неа и справување со некои случаи.

– Претседателот на ДИК разговараше со нас за исполнување на обврските од договорот од Пржино, а дел од гразговорот претставува загриженост што се однесува до самите избори. Целосното почитување на договорот од Пржино е во демократскиот интерес за државата и нејзините евроатлански интеграции и исто така тоа може да помогне во контекст со решавање на прашањето со името. Самата комисија тоа го верува и ние веруваме во тоа, рече Ховит.

Ховит рече дека Ванхауте ја има целосната доверба од Евопскиот парламент и дека сакаат целосен ангажман на работните групи, па дури и за време на изборите.

– Што се однесува на слободата на медиумите, мојот колега и пријател Вајгл веќе се повика на тоа дека треба да се направат долгорочни промени, исто така е потребен договор за краткорочни измени се со цел да се подобри теренот за натпревар за време на изборите, рече Ховит.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски