Смартфонот на Асус силно ќе се спротивстави на конкуренцијата на пазарот благодарение на неговата камера. Некои ќе кажат дека ZenFone Zoom повеќе е камера отколку смартфон.
Инспириран од DSLR технологијата, смартфонот има задна камера од 13 мегапиксели и тоа со сензор на Панасоник и 3х оптички зум.
Јапонската компанија HOYA произведе леќи за главната камера, додека предната селфи камера е од 5 мегапиксели.
Телефонот поседува quad-core процесор, 4 GB RAM и 5,5-инчен Gorilla Glass 4 екран со резолуција од 1080 пиксели. Смартфонот работи со батерија од 3.000 mAh, а достапен е во верзии со 64 и 128 GB интерна меморија. Меморијата може да се прошири по пат на микро СД слот.
ZenFone Zoom ќе чини 399 долари.