(ВИДЕО) Барокни лифтови – “оригинален изум“ на архитектите на „Скопје 2014“

Од:

По барокните фасади на згради, по барокните гаражи, барокните сендвичари и огради, како дел од Скопје 2014 се појавија и три барокни лифтови. Досега најоргинален изум на архитектите на овој проект. Поставени се пред зградата на МОБ и пред се уште неизградниот објект на Филхармонија. Трите објекти што се всушност излези од подземната гаража, се потпрени на столбови што треба да наликуваат на неокласични, а опкружени се со барокна ограда.

Сумата што Владата ја потрошила за овие три барокни влеза во пракингот, е околу 300 000 евра. Лифтовите водат кон новиот паркинг што го градеше скопски „Бетон“, со капацитет од 845 паркинг места, кој се наоѓа веднаш до постоечкиот што го имаше во МОБ.

За тие што нема да се возат со барокните лифтови што водат во подземната гаража, има и скали со барокна ограда. Така сега, пред главниот влез на Македонската опера и балет, која важеше за една од најрепрезентативни примери на модерната архитектура на 20. век во овој дел на Европа, сега има три барокни лифтови, барокни канделабри и ограда што имитира барокен стил, што е сосема несоодветно на модернистичката архитектура на зградата на МОБ.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски