Со натпреварот одигран синоќа во Никшиќ меѓу Сутјеска и Партизан во кој победа забележаа домашните кошаркари со 82:71 (18:10, 29:15, 18:19 и 17:27) комплетирано е 18.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.
Немања Врањеш со 27 поени беше најзаслужен за шестата победа на црногорската екипа која и натаму останува на дното на табелата, но сега со ист број бодови како Партизан и Игокеа.
На останатите натпревари од оваа рунда кои веќе се одиграа, беа постигнати овие резултати:
Мега Лекс – Задар 87:61,
Крка – Олимпија 55:59,
Будуќност – Тајфун 81:61,
Игокеа – МЗТ Скопје Аеродром 70:86,
Цибона – Металац 77:73 и
Црвена звезда – Цедевита 79:80.
Табела: Будуќност 16-2 (победи-порази), Цедевита 15-3, Црвена звезда 13-5, Мега Лекс 12-6, МЗТ Скопје Аеродром 8-10, Цибона 8-10, Крка 8-10, Унион Олимпија 7-11, Тајфун 7-11, Металац 7-11,Задар 7-11, Партизан 6-12, Игокеа 6-12 и Сутјеска 6-12.
Следното 19.коло започнува в петок.