Светот ја дочека Новата година и покрај заканите од тероризам

Од:

Европа и светот ја дочекаа новата година со насмевки и здравици, но и со засилени мерки за безбедност кои „оладија“ расположение.

Спектакуларните огномети беа откажани во Брисел и Париз каде се уште е живо сеќавањето на терористичките напади од ноември. И покрај тоа, јавниот дочек организиран беше на париски булевари и Елисејските полиња.

Во Брисел на полноќ можеа да се видат само приватни огномети пропратени со воздишки и гласна музика.

Во Минхен неколку минути пред полноќ полицијата евакуираше две железнички станици и објави дека постои сериозна и непосредна закана од терористички напад.

И во Белин имаше засилено присуство на полицијата во близина на Брандербуршката капија каде стотици илјади луѓе ја дочекаа Новата година.

Точно на полноќ небото во Сиднеј го осветли традиционален огномет од пристаништето. Тоа беше првата светска метропола која ја дочека Новата година. Таму повеќе од милион луѓе присуствуваа на прославата, а ширум Австралија локалните власти дополнително побараа обезбедување од илјадници полицајци за патролирање низ градовите.

Прославата на новата година во Кина беше организирана во Пекинг со претстави и огномет, а телевизијата директно пренесуваше гала концерт од Националниот стадион.

Шангај сепак, поради безбедност го затвори познатото шеталиште Бунд каде лани за нова година во стампедо загинаа 36 луѓе.

Во Бангкок десетици илјади луѓе ја дочекаа Новата година во центарот на градот додека тајландските власти распоредија околу 5.000 полицајци.

Во Појасот Газа исламистички Хамас забрани новогодишна прослава како западен обичај спротивен на Исламот. Рестораните и хотелите организираа собири ден претходно или допрва ќе приредат прослава.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски