Светот ја пречека Новата 2016 година

Од:

Стотици милиони луѓе во светот синоќа на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови,… или во семејна атмосфера во домовите, ја испратија 2015 и ја пречекаа Новата 2016 година.

Први Новата година ја пречекаа тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа, а последни, речиси цел ден по нив, жителите на Американска Самоа. 

По примерот на светските метрополи, највеселата ноќ беше пречекана и на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како и во другите градови во државата.

Скопјани ги забавуваа Оливер Драгоевиќ, Тамара Тодевска и диџеи. Новогодишниот концерт почнa во 21 часот и траеше до раните утрински часови, а точно на полноќ, небото над Скопје беше осветлено со спектакуларен огномет.

Огномет.jpg

За најмладите, претходно беа организирани театарски претстави, фотографирање со Дедо Мраз и забава со детски песни.

Но, не сите синоќа го прославија почетокот на 2016 година. Многубројна популација луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници.

Така во 2016. Евреите ја слават 5777, Кинезите 4714, Индусите 2073, а Муслиманите 1438 Нова година.

Елка Скопје 2015-2016

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски