Новата година низ историјата

Од:

Телеграф – Белград

Историјата за прославување на Нова година не е точно утврдена, но се смета дека Вавилонците тоа го правеле уште пред 4.000 години. Според едно од многуте толкувања, Германците први во 16 век го вовеле обичајот за китење на елка.

Симболично, Нова година претставува обновување на животот, а обичаите поврзани за тој ден влечат корени од далечното минато. Славењето на заминувањето на старата и доаѓањето на новата година е прастар религиски, општествен и културен образец во речиси сите делови на светот.

Историјата за прославувањето на Новата година не е точно утврдена, но се смета дека Вавилонците тоа го правеле уште пред 4.000 години. Римјаните исто така славеле Нова година, но нивниот календар се менувал со секој нов владетел се додека Римскиот Сенат во 153 година пред новата ера не го „утврдил‟ 1 Јануари за почеток на Нова година. Некои научници тврдат дека Новата година први почнале да ја слават Кинезите.

Според едно од многуте толкувања, Германците први во 16 век го вовеле обичајот за китење на елка. Предците денешните Германци сметале дека на елките живее „шумски дух‟, заштитник на природата, па старите воини за новогодишната ноќ оделе во шума да го повикаат.
Подоцна почнале да носат елки дома, па така ова дрво влегло во домовите како симбол на Новата година.

Според една од легендите, китењето го почнал основачот на протестантизмот Мартин Лутер. Лутер шетајќи низ шумите бил воодушевен од илјадници ѕвезди кои светкале преку гранките на елките.

Толку бил воодушевен од таа глетка што исекол мало дрво и го однел дома на своето семејство. Да ја заживее истата убавина која ја видел во шумата, закачил мали свеќички на гранките. Во другите земји во Европа и Америка, китењето на елката станува популарно во 18 век.

И денес ширум светот, со голема галама и помпа, шампањ, размена на подароци и огномет, се слави годината што доаѓа. Некои новогодишни симболи опстанале низ сите цивилизациски промени. Еден од нај атрактивните симболи е новогодишната парада, вообичаена кај многу народи. Создавањето на огромната галама која потекнува од ритуалот за бркање на злобните демони, исто така се задржало во многу краишта во светот, но денес како тропање во лонци и тави, чукање со чашки, ѕвонење на ѕвона, тапани, сирени, музика и неизбежен огномет.

Исто така, последната деценија исклучително е популарен дочек на Новата година на централните градски плоштади.

Иако многумина мислат дека новогодишните ветувања и желби се од понов датум, традицијата ја почнале уште Вавилонците, а нивната одлука налагала да се врати орудието за работа кое го позајмиле порано таа година.

Модерните ветувања најчесто се однесуваат на прекин на пушење, држење диета, здрав начин на живот, штедење, повеќе учење, верност.

Новата година е традиционално време на собирање, семејно, со пријателите, на организирани прослави и тоа во свечена облека, со посебна грижа за изгледот, украсување на ентериерот и екстериерот.

Треба да се истакне и дека, иако сите народи го прославуваат овој празник како нов и подобар почеток, сите не му се радуваат во ист ден, бидејќи едни го почитуваат лунарното (според движењето на Месечината), а други соларното (според движењето на Сонцето) пресметување на времето.

За разлика од соларното кое има постојан утврден датум, тие народи кои времето го одредуваат според Месечината имаат Нова година со променлив датум и таа се слави на денот на млада Месечина, меѓу 20 јануари и 20 февруари.

Лунарната Нова година, денес повеќе како дел од традицијата, ја одбележуваат во Кина, Јапонија, Индија, Виетнам и уште во некои земји, при што исто така ја прославуваат и соларната, според грегоријанскиот календар.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски