„Благодарам до сите фанови, медиуми, соработници и пријатели кои ме поддржуваа цела измината 2015 година, на секој направен чекор. Новата година нека ни донесе пред се многу љубов, здравје и секако добра музика! Се гледаме во 2016 со нов проект исполнет со многу љубов која ја добивам од Вас безусловно“, им посака Даниел Кајмакоски на сите свои фанови и соработници.
Даниел ќе ја испрати старата, и ќе ја дочека новата 2016 година на плоштадот Магнолија во Битола.
По празниците ја најавува својата втора песна од албумот, која повторно е во соработка со Александра Милутиновиќ и Дарко Димитров.