Перуански шамани синоќа го изведоа традиционалниот ритуал пред Нова година на ридот Моро Солар во јужниот дел на Лима. Дувајќи во путуту, древен перуански инструмент, шаманите пееја и танцуваа, фокусирајќи се на фотографиите на неколку луѓе клучни за светската политика – Доналд Трамп, Владимир Путин, Раул Кастро, Барак Обама и јужноамериканските претседатели Ево Моралес, Николас Мадуро и Маурисио Макри.
Над фогографиите изведувале ритуали кои им дадоа увид во иднината.
Што се однесува до Европа, ни претстои не многу добра година. Терористичките напади, како што велат шаманите, ќе продолжат.
– Во Франција и во другите зееји ќе има уште напади. Ќе има напади, непотребна смрт, ќе ги има уште изјави шаманот Хуан Оско.
За САД, исто така, постојат знаци за добра година, посебно што се однесува на односите со Куба.
– Ќе се надвладее економската блокада со Куба. Ќе се одржи состанок на кој сите ќе бидат радосни и ќе им донесе мир на двете земји. По изјавите на Доналд Транп гледаме дека е контроверзен, ќе стане и кандидат за претседател, но народот на САД ќе се здружи и тој нема да биде избран за шеф на дражавата, рече шаманот.
– Ја гледам Владата на Мадуро во многу тешка состојба. Што се однесува до Макри, ќе биде ова добра година за аргентинската економија. Ево Моралес повикува на излез на море и законите ќе му одат во корист, рече шаманот Хуан Оско.