Забава и огномети на сите страни

Од:

Иако повеќето светски метрополи подготвуваат пречек на Новата 2016 година во своите центри и на улиците најдобро што можат, некои места во тоа се традиционално најатрактивни. Највисока елка, најголем огномет, најнеобични украси е картата на која успешно и долго играат некои метрополи.

Дубаи

Новата година во Дубаи пристигнува во 21:00 часот по европско време. По десет месеци подготовка и со повеќе од 450.000 проекти, тука пред две години беше соборен Гинисовиот рекорд за најголем огномет кој траеше точно шест минути. Со тоа беше засенет дотогашниот победник – Кувајт и неговите 77.000 проекти. Простор од 96 километри по должината на брегот, од Бурџ калифе, највисока зграда во светот висока 828 метри до вештачкиот остров во форма на палма – Палм Џумеира. Спектакуларниот финален огномет направи вештачко раѓање  на Сонцето долж брегот на морето и еден километар во висина. Ги истрелуваа 200 техничари со 400 лансирани рампи, со помош на 100 компјутери за синхронизација на пиротехниката. За да биде се според планираното, повеќе од 200 експерти техничари работеле пет илјади работни часови.  Во Дубаи спектакл претставуваат и околу 70.000 лед светилки, поставени на Бурџ Калифе.

Лондон

67822892

Поради се поголемата популарност на лондонскиот новогодишен огномет, кој почна да предизвикува неиздржлив застој во градот, пред две години одлучено е на тој спектакл да пристуствуваат најмногу 100.000 луѓе, кои за тоа задоволство мораат да платат по десет фунти. Овој пиротехнички спектакл првпат е организиран на локацијата „Лондонско око“ на јужниот брег на Темза во 2003 година, а изминатите неколку години за него се издвојуваат околу 15 тони експлозив, што зборува за тоа колку е импресивен.

Њујорк

Кога е во прашање Нова година, Тајмс сквер во Њујорк за многумина е избор број еден. На минута до полноќ почнува одбројувањето па кога времето ќе „истече“, традиционално пред реката луѓе со црвени капчиња се притиска копче со кое се ослободува топка тешка 5.400 килограми со 2.688 кристали. Кога таа ќе го допре дното, Нова година пристинала. Спектакуларната новогодишна елка во овој град е висока 23 метри и тешка 12 тони, а украсена е со 45.000 светилки во бои на вионожито.

Рио де Женеиро

RIO DE JANEIRO, BRAZIL - JANUARY 01:  Revelers celebrate as fireworks explode during New Year's  festivities on Copacabana Beach on January 1, 2015 in Rio de Janeiro, Brazil. Up to 2 million revelers were expected on Copacabana Beach to watch the annual New Year's fireworks display which this year coincided with the start of the city's 450th anniversary celebrations.  (Photo by Mario Tama/Getty Images)

Доколлку зборуваме за хедонизам, малку кој може да им парира караоке забавите, а тоа особено важи во време на славењето. Рио де Женеиро во пресрет на Новата година се претвора во вистинска карневалска сцена, а главната „сцена“ е плажата Копакабана, каде дрес код е белата облека“, бидејќи Бразилците веруваат дека тоа е боја која носи среќа. Додека се пие шампањско и игра самба, точно на полноќ над океанот почнува огнометскиот спектакл. Традицијата уште налага во првите минути од Новата година да се влезе во море и да се прескокнат точно седум бранови. Рио де Женеиро инаку во 1996 година се обиде да го собори Гинисовиот рекорд во категоријата највисоката елка во вода. Празничното дрво беше тешко „само“ 542 тони, високо 85 метри и поставено на 11 платформи вода. И на тоа, замислете 3,3 милиони светилки, кои оваа елка навистина ја правеа посебна.

Сиднеј

За оние кои сакаат да одат пред времето, дочекот на Новата година во Сиднеј е одлична препорака, затоа што таа во Австралија стигнува порано. Точно на полноќ, мостот Харбур, Операта и околните градби се осветлуваат, па оваа глетка изгледа величенствено. Од 1986 година Сиднеј важи за еден од најсјајните места за дочек на Нова година, затоа што секогаш на небото се организира спектакуларен огномет кој се вбројува во петте најдобри во светот, па околу 1,5 милиони луѓе излегуваат на градските улици. Традиционално на мостот покрај Операта која претставува симбол на градот, се собираат околу четири илјади сопственици на чамци и бродови.

Тегусигалпа

Пред две години во Тегусигалпа, главен град на Хондурас, е направена најголемата „човечка“ елка во светот. По тој повод 2.945 луѓе ги „позајмиле“ своите тела, кога во таа категорија е соборен Гинисовиот рекорд. Тогаш Тајланд мораше да ја врати победничката „круна“ која ја носеше долго време, откако успеа од 852 деца да направи „човечка“ елка.

Рим

00-new-year-15-rome-italy-04-01-14

Главниот град на Италија секоја година може да парира во трката за еден од највеселите и најосветлените во празничната ноќ. Улиците се украсени имагинативно, а особено оние околу Плоштадот дел Пополо, каде е централната славеничка „база“. Кога стрелките на часовникот ќе се поклопат на полноќ, величенствениот огномет  го осветлува градот. Плоштадот Навона или Колосеумот се местата каде туристите често бараат позиција, од која ќе го одбројуваат крајот на старата година. Пред Базилика Свети Петар во Ватикан, како и секогаш, поставено е божиќно дрво старо седум децении и високо 25 метри, украсено со лампиони со дискретни бои.

Мадрид

Секој кој ќе одлучил 2016 година да ја пречека во шпанскиот главен град, правило е да се однесува како Шпанец. Тоа значи дека во новогодишната ноќ треба да подготви 12 зрна грозје, кои се јадат во моментот кога отчукува полноќ. Тие го симболизираат бројот на месеци во годината и се верува дека доколку го испочитувате овој традиционален ритуал новата година ќе ви помине во среќа и задоволство. Овој ритуал ќе го прави секој втор човек на Плоштадот Пуерта дел Сол, каде е поставено позлатено празнично дрво на 12 катови и каде доаѓањето на Новата година го најавуваат камбани.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски