Поради надградба на системот за картично работење, мрежата на картички, банкоматите и ПОС терминали на Стопанска банка нема да бидат достапна во периодот од 23:00 часот денеска до 11:00 часот утре, информираат од Банката.
Овој краткотраен прекин, како што објаснуваат од Банката, се прави поради подобрување и надградба на перформансите на системот и е со цел за воведување на највисоки меѓународни безбедносни стандарди во работењето на картичниот систем на Банката.
Вака подобрениот систем е дел од мисијата на Стопанска банка АД – Скопје да биде лидер во воведувањето на технолошки напредни решенија во секој сегмент од своето работење и има за цел да ги поддржи постојано зголемениот број на трансакции, воведувањето на нови производи и услуги кои клиентите ги бараат како и да овозможи највисоко ниво на сигурност во картичното работење.