Карлос Слим го купува Гетафе

Од:

Шпанскиот прволигаш Гетафе би можел да стане најбогатиот клуб на светот, поточно власта во клубот би можел во свои раце да ја земе најбогатиот човек на планетава!

Според пишувањата на шпанските медиуми, Мексиканецот Карлос Слим се одлучи да влезе во светот на фудбалот.

Изборот падна на Гетафе, клубот од мадридското преградие, кој моментално е во сопственост на Ројал Емирати групацијата, која го купи клубот пред една ипол година за сума од 90 милиони евра.

Карлос Слим е директор на телекомукациските мрежи, а веќе неколку години во низа се наоѓа на првото место на најбогатите луѓе на светот. Моментално неговото целокупно богатсво изнесува 70 милијарди евра.

Тој даде ветување дека кога ќе го превземе Гетафе тој клуб потполно ќе се стабилизра, и дека парите во ниеден момент нема да бидат проблем , кога се во прашање засилувањата и дека Гетафе ќе се бори за титулата во Примера.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска