Американското воздухопловство веќе 60 години го „следи“ Дедо Мраз

Од:

Дедо Мраз во вторникот тргна да разнесува подароци, а ова ќе биде 60. година по ред како командата на Воздухопловната одбрана на Северна Америка (НОРАД) „ја следи трагата“ на неговите санки на небото.

Во станицата „Санта Тракер“ во воената база Петерсон, во Колорадо, повеќе стотици волонтери ќе одговараат на повиците и мејловите од децата од сите краеви на светот, а се проценува дека годинава ќе има околу 125.000 деца кои ќе сакаат да знаат каде Дедо Мраз се наоѓа во тој момент.

Во местата, како што е Аљаска, техничарите од НОРАД, кои 24 часа дневно го контролираат небото заради можни воздушни упади, исто така, имаат задача да го следат патувањето на Дедо Мраз.

-На небот над Канада и САД „се забележни“ санки полни со играчки што се влечени од летечки ирваси, изјави крајно сериозно поручникот Џон Гординиер, портпарол на центарот на НОРАД на Аљаска, пренесуваат американските медиуми.

Системот од радари и сателити го надгледува воздушниот собраќај над Канада и САД. Сите летала имаат идентификациски код. Доколку го немаат НОРАД може да скремблува авион и да види за кое летало станува збор.

-За среќа, Дедо Мраз е во постојана врска со НОРАД, изјави Гординиер, додавајќи дека неговиот код е „Големиот Црвен“.

НОРАД ги следи санките на Дедо Мраз врз основа на светлечката муцка на ирвасот Рудолф, кој зад себе остава инфрацрвена трага слична на истрелана ракета, објасни техничар на американската воздухопловна одбрана.

Дедо Мраз на своето Божикно патување вообичаено тргнува од Северниот пол, го прелетува Тихиот Океан, а потоа тргнува да им дели подароци на деца во островските држави. Потоа оди понатаму на запад, кон северната, а потоа и кон јужната хемисфера. Аљаска е неговата последна станица пред, заморен од толкавиот пат, да се врати дома.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски