Советот за безбедност на Обединетите нации усвои спогодба за формирање на влада на национално единство во Либија, која ја постигнаа спротивставените парламенти на земјата минатата недела.
Резолуцијата едногласно ја усвоија 15-те членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Минатиот четврток спротивставените страни во судирот во Либија, вклучувајќи го и раководството на Претставничката палата и Националниот конгрес, како и членови на други политички партии и на цивилното општество, потпишаа спогодба за мирно решавање на кризата и за формирање на влада на национално единство.
Спогодбата е потпишана во Мароко. Во понеделникот спогодбата ја потпишаа претставници на повеќе од 20 либиски општини.