По примерот на светските метрополи, првпат и Скопје ќе добие вистински Божикен маркет.
Од денеска до 13 јануари на градскиот плоштад „Македонија“, секој ден во попладневните часови за најмладите ќе има забавна програма со Дедо Мраз. Ќе има секојдневни музички настапи на македонски артисти, а на крајот од вечерта шоу со огномет и акробати.
Ќе бидат поставени штандови со пиво, греено вино, ракија, колачиња, пецива, чоколади, колбасици на германски начин, топли напитоци, млечни производи, мезиња…