Пратеничката група на ДУИ денеска не присуствуваше на годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Според нив, тој не е легитимен претседател на државата.
– Политички став на нашата партија после претседателските избори одржани минатата година е дека тој не е легитимен и не е консензуален претседател на државата, како таков не ги застапува ниту сите граѓани ниту сите заедници во државата, вели Ермира Мехмети.
Мехмети вели дека не сака да ја коментира политичката култура, особено не на ВМРО-ДПМНЕ.
– Политичката култура на нашиот коалиционен партнер патем речено има прилично големи и сериозни прашалници пред себе, апсолутно не ценам дека е прашање кое што заслужува мој коментар, рече Мехмети.