Екипата на Будуќност синоќа на домашен терен забележа победа над Црвена Звезда во дерби натпреварот од 15.коло на регионалната кошаркарска АБА лига со 68:54. Со оваа победа црногорскиот шампион е сам на врвот на табелата.
Клучна за триумфот на подгоричани беше разликата од 17 поени (28:11), направена уште во првата четвртина. Гостите од Белград се обидуваа да фатат резултатски приклучок, но немаа сили да го избегнат четвртиот пораз оваа сезона.
Тадија Драгичевиќ со 20 поени и 10 скокови беше најзаслужен за тринаесеттата победа на Будуќност, во која значаен придонес имаше и Александар Мариќ со „дабл-дабл“ од 16 поени и 10 скокови.
Викендот се одиграа другите натпревари од оваа рунда:
Олимпија – Игокеа 79:63,
Цедевита – Стујеска 73:50,
Металац – МЗТ Скопје Аеродром 68:77,
Партизан – Мега Лекс 78:85,
Тајфун – Цибона 52:74 и
Задар – Крка 67:74.
Табела: Будуќност 13-2 (победи-порази), Цедевита 12-3 Црвена Звезда 11-4, Мега 10-5, Задар 7-8, Тајфун 7-8, Крка 7-8, МЗТ Скопје 6-9, Олимпија 6-9, Партизан 6-9, Цибона 6-9, Игокеа 5-10, Металац 5-10 и Сутјеска 4-11.