ДС: Младите ја напуштаат Битола

Од:

„Вчера вечер, Демократски сојуз , во Битола, одржа трибина на која беше презентирана Платформата за обединување и вистински реформи, каде Павле Трајанов, Претседател на ДС, говореше за главните приоритети и предизвици со кои се соочува Македонија.

Трајанов посочи дека Демократски сојуз се залага за: системски промени преку кои ќе се дефинира одговорноста на премиерот, министрите и други носители на јавни функции, конфискација на нелегално стекнатиот имот, забрана на политичко дејствување најмалку (10 години) за сите кои ги кршат основните права на граѓаните преку преслушување и на друг начин, како и тие кои се стекнале со капитал злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните.

Демократски сојуз ќе предложи законски решенија со кои ќе се изедначат условите за бизнис на странски и домашни компании. Минималната плата треба да изнесува најмалку 300 евра.

Во Македонија 10% од вкупното население е вработено во администрацијата што е огромен товар за стопанството, а приемот е исклучиво преку партиски списоци.

ДС ќе предложи кривична одговорност за сите оние што со злоупотреба на партиско и друго влијание ги кршат основните критериуми за прием на работа во јавната и државната администрација.

На трибината Битолчани пројавија голем интерес за политичката криза и одговорноста на политичко-државниот врв, за криминалот во РЕК Битола, за енормното загадување на воздухот, како и за иселувањето на младите во Битола со што на вештачки начин се прикажува дека се намалува бројот на невработените.

На трибината зборуваше и Драгана Букилица, шеф на изборниот штаб на ДС, која рече дека ДС ја отвора можноста за формирање на нова политичка сила и ги повикува граѓаните да се вклучат во борбата за промени во Македонија“, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски