Комунизмот, мирот и таротот се причина за педофилијата, тврди загребски свештеник

Од:

Еден хрватски свештеник изнајми билборд во Загреб на кој осамна плакат во кој како причини за педофилија ги наведуваат комунизамот, мирот, тарот, хороскопот…

Свештеникот Ивица Бердик во изјава за Н1 на прашањето на кој начин меѓународно прифатениот симбол на мирот или комунизмот можат да бидат причина за педофилија, одговори: „Се ви пишува таму“. – Тоа е од посланието до Римјаните, тоа е библиска реченица, рече свештеникот.

– Тоа не е знак на мирот, продолжи тој, но не одговори што е, туку само му порача на новинарот „да се информира за вистинската природа на тој симбол“.

На прашањето како во Библијата може да се говори за симболи кои настанале илјада години по нејзиното појавување, како на пример, црвена петокрака ѕвезад, Бердик одговори дека „Господ однапред знае како ќе се одвива историјата“.

– Господ ја има историјата во свои раце, тоа е сила на Божјите зборови, луѓето не сакаат да ја слушнат вистината, додаде тој

Прашан како успеал да ги поврзе педофилијата и комунизмот, тој не понуди одговор. – Тоа е библиски поврзано, таму се пишува, изјави отец Бердик.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик