Тачи разочаран го критикува Брисел и најавува протести

Од:

Еден ден откако силно го критикуваше недостигот на добра волја на Брисел на Приштина да и одобри визна либерализација, заменик премиерот и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи разочаран ги повика граѓаните на протест пред канцеларијата на ЕУ во Приштина.

Тачи тврди дека против неправдата ќе протестираат „два милиони луѓе“ и дека оваа одлука ќе ги доведе во прашање „тековните процеси“, вклучувајќи го и спроведувањето на Бриселскиот договор, јавија приштинските медиуми.

Тачи синоќа одлуката на Брисел ја нарече „дискриминаторска“ и рече дека претставува ветер во грб на екстремистите на Косово.

– Секој жител на Косово има право да биде разочаран и навреден, рече Тачи, најавувајќи „марш на милиони“ пред канцеларијата на ЕУ во Приштина.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски