Антракс кај говедо во скопското село Раовиќ

Од:

Кај угинато говедо во селото Раовиќ, општина Сарај, утврдено е присуство на болеста антракс, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, угинатото животно под надзор на официјален ветеринар е спалено и нештетно отстрането, а фармата каде што е пронајдено, темелно е исчистена и дезинфицирана. Донесена е и забрана за влез и излез на говеда од и во одгледувалиштето и нивна изолација, а спроведено е и епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата.

– Официјален ветеринар и овластено ветеринарно друштво извршија преглед и кај останатите животни во одгледувалиштето и кај другиот добиток кој се одгледува во ова село, при што е констатирано дека нема други заболени грла, информира Агенцијата.
Случајот е детектиран минатиот месец при превентивна вакцинација против антракс на сите приемчиви видови животни, говеда, овци, кози и коњи во селото Раовиќ во општина Сарај.

Населеното место Раовиќ во општина Сарај АХВ го прогласи за нов дистрикт на болеста антракс во Македонија. Таму, како и во останатите 20 дистрикти во земјава ќе продолжи преземањето на мерките за сузбивање и искоренување на оваа болест со задолжителна вакцинација на животните во наредните 20 години.

Последниот случај на појава на антракс во Македонија е евидентиран во 2009 година во Велешко. И во овој регион на сила е мерката за вакцинација на добитокот против антракс.

Антраксот е заразна болест – зооноза од која можат да заболат сите домашни животни и која може да се пренесе и на луѓето. Вообичаено не се шири од животно на животно, ниту од човек на човек. Бидејќи причинителот на оваа болест е бактерија која е екстремно резистетна на надворешните услови, истата може да опстане во почвата и по неколку години.

Би можело да ве интересира

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска