За исплата на К-15 во приватниот сектор остануваат уште петнаесетина дена

Од:

Приватниот сектор до крајот на годинава треба на вработените да им исплати регрес за годишен одмор или попознат како К-15. Работодавачите кои тоа не го сториле досега, ќе треба во следните 15 дена да ја исполнат оваа обврска која е уредена со Општиот колективен договор за приватниот сектор.

Од Сојузот на синдикати на Македонија очекуваат на работниците кои работеле најмалку шест месеци кај ист работодавач да им бидат исплатени средства во висина од најмалку 40 проценти од основицата.

Во Спогодбата за измени на Општиот колективен договор (ОКД) што го потпишаа Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи се дава можност да се исплати регрес на годишен одмор и во поголем износ доколку можностите на компанијата го дозволуваат тоа, а во оние фирми кај кои настанале потешкотиии во работењето по задолжителна претходна консултација со синдикатот, може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со ОКД.

– Апелираме и очекуваме дека до крајот на годината регресот за годишен одмор ќе биде исплатен и од оние работодавачи кои до сега не го исплатиле, велат од ССМ.
И од Бизнис конфедерацијата на Македонија денеска ги охрабрија работодавачите да ја исполнат оваа обврска кон вработените.

– Бизнис Конфедерација на Македонија ги охрабрува компаниите да исплатат регрес за годишен одмор К-15 и да го почитуваат законот и своите вработени, меѓутоа ги потсетуваме работодавачите тоа да го направат на прав начин, да се дооговорат со вработените за можноста на компанијата да исплати регрес, да го договори износот за регрес или да не исплати регрес за годишен одмор со дополнително објаснување и приложување на соодветна документација на увид до претставниците на вработените, се наведува во соопштението.

Задржувањето на правото за исплата на регрес за годишен одмор е резултат на преговорите и барањата на ССМ од една страна и Организацијата на работодавачи од друга страна.

Според синдикатот, задржувањето на правото за регрес за годишен одмор значи подобрување на материјално-финансиската положба на работниците и елиминирање на нелојалната конкуренција.

Обврската за задолжителна исплата на К-15 стапи на сила во 2014 година кога на вработените во приватниот сектор како средства за годишен одмор им беа исплатени по околу 8.400 денари.

Би можело да ве интересира

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

Томовска: Мерката за исплата на регресот за годишен одмор е проблем за правниците, нема законски утврден минимален износ

Во буџетот за 2022 не се планирани пари за исплата на К-15 за јавниот сектор, вели Бесими

Ана Ололовска

НСОН: Зошто секторот образование е изземен за „К-15“

Драган Поповски

Царовска смета дека нема ништо спорно во исплатата на К-15 предвидена со колективниот договор за администрацијата

Ана Ололовска

Последен ден за исплата на регрес за годишен одмор