Томовска: Мерката за исплата на регресот за годишен одмор е проблем за правниците, нема законски утврден минимален износ

Од:

Директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска на денешниот брифинг со новинарите рече дека досега од медиумите не примила поплака во врска со исплатата на регресот за годишен одмор, а првата пријава според која постапиле е од националниот сервис.

Томовска посочи дека во делот на претставките кои ги добиваат за годишен регрес, веќе има намалување во делот на изречени инспекциски мерки што значи работодавачите во голем обем се усогласиле со законската регулатива.

Како што посочи, оваа мерка е проблем и за инспекторите, бидејќи нема законски утврден минимален износ на К-15.

Исто така, посочи, не е дефинирана ни постапката со која ќе може да има ефикасен надзор и да се оствари правото на работниците за исплата на регрес за годишен одмор. Додаде дека овој дел треба да се доусогласи за да нема проблем и кај работодавачите и кај работниците. Но, според анализите во извештаите годинава има намалување на изречени инспекциски мерки по основ на неисплатен К-15.

Во делот на мерката недела неработен ден, Томовска информираше дека во 2022 година од страна на инспекцискиот орган беа извршени вкупно 357 инспекциски надзори, а дадени се 16 решенија за забрана со кои што се забранува работата на работодавачите кои не ги почитуваа овие одредби.

– Од страна на работодавачите, не се почитуваше во целост одредбата која што се однесуваше на недела неработен ден затоа што имаше мали нејаснотии во делот на одредени дејности кои можат да работат, како треба да работат. Инспекторатот, покрај тоа што вршеше редовни контроли, имаше и едукативна функција во делот на укажување на работадавачите како треба да се применуваат овие законски одредби, рече Томовска.

Таа посочи дека како што покажуваат понатамошните контроли, се повеќе се почитува оваа одредба, односно веќе нема претставки од граѓаните за оваа мерка.

Би можело да ве интересира

Во буџетот за 2022 не се планирани пари за исплата на К-15 за јавниот сектор, вели Бесими

Ана Ололовска

НСОН: Зошто секторот образование е изземен за „К-15“

Драган Поповски

Царовска смета дека нема ништо спорно во исплатата на К-15 предвидена со колективниот договор за администрацијата

Ана Ололовска

Последен ден за исплата на регрес за годишен одмор

Хесиншки комитет регистрира исплати на К-15 од 1.000, 500 и 100 денари

Ана Ололовска

Само две компании ќе добијат казни за неисплатен К 15