Од милионските суми народни пари фрлени на проектот „Скопје 2014“ продолжуваат да никнуваат нискобуџетни гипсени фасади во строгиот центар на Скопје.
Освен што лепат столбови што висат во воздух, работниците се мачат и со другите „барокни елементи“ од пластика и гипс. Оваа нова архитектура која всушност нема никаква врска со барокот, а повеќе со лего коцките, е сигурно единствена и нова во светот.
Погледнете како изгледа составувањето на гипсено-пластични делови кои треба да формираат барокен лак.