Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во синоќешната победа над Малме со 8:0 учествуваше со четири погодоци и стигна до бројката 11 голови во групната фаза од Лигата на шампиони што претставува нов рекорд. Португалецот ова достигнување го оствари на шест одиграни натпревари и за два гола го надмина Луиз Адријано.
– Јас не бркам рекорди, тие ме бараат мене, изјави Роналдо откако уште еднаш се запиша во историјата на ЛШ.
Покрај Роналдо до рекорд стигна и неговиот клуб. Реал со победата од 8:0 го изедначи рекордот на Ливерпул од 2008 година кога е во прашање најубедливата победа во ова натпреварување.