Екипите на Волфсбург и ПСВ Ајндховен обезбедија пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони.
Ова е епилогот по одигрувањето на средбите од последното 6.коло во групата Б, во кои Волфсбург со 3:2 го победи Манчестер Јунајтед и го елиминира од Лигата на шампиони, а ПСВ беше подобар од ЦСКА Москва со 2:1.
Германската и холандската екипа ги освоија првите две места.
Табела: Волфсбург 12 бода, ПСВ Ајндховен 10, Манчестер Јунајтед 8, ЦСКА Москва 4.
На останатите натпревари одиграни синоќа, беа постигнати следниве резултати:
А група: Реал Мадрид – Малме 8:0, ПСЖ – Шахтјор 2:0.
Табела: Реал Мадрид 16 бодови, ПСЖ 13, Шахтјор 3, Малме 3.
Ц група: Бенфика – Атлетико Мадрид 1:2, Галатасарај – Астана 1:1.
Табела: Атлетико Мадрид 13 бода, Бенфика 10, Галатасарај 5, Астана 4.
Д група: Манчестер Сити – Борусија Менхенгладбах 4:2, Севиља – Јувентус 1:0.
Табела: Манчестер Сити 12 бода, Јувентус 11, Севиља 6, Борусија Менхенгладбах 5.
Од првата половина на групите во Лигата на шампиони, пласман во осминафиналето претходно имаа обезбедено: Реал Мадрид, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Манчестер Сити.
Вечер ќе се одиграат преостанатите осум меча од последното коло во групите од Е до Х групите.