Во фудбалската Лига на шампионите вечерва се играа натпреварите од 6. коло од групната фаза. Голманот и капитен на италијанскиот првак Јувентус Џанлуиџи Буфон истакна дека Браселона може да биде првиот тим кој ќе го одбрани трофејот во ова натпреварување.
– Тешко е да се прогнозира што ќе се случи. Сепак, мислам дека во овој момент ниту еден тим нема поголеми шанси за титулата европски шампион од Барселона. Тоа е тим кој е подготвен да сруши многу рекорди, изјави Буфон.
Во последното финале во Берлин одиграно во јуни годинава Барселона го победи Јувентус со 3:1.
Откако се игра овој формат во Лигата на шампионите од 1992 година ниту една екипа не успеала да го одбрани трофејот. Барселона има освоено пет титули, а три ги освои во последните седум сезони.