Бан: Последни минути до климатската катастрофа

Од:

Светот се движи кон климатска катастрофа, предупреду денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун на почетокот од втората недела на Меѓународната конференција за климатски промени во Париз.

– Часовникот ги отчукува последните минути до климатската катастрофа, истакна Бан и апелираше за редовни ревизии на договорот пред тој да стапи во сила во 2020 година.

Тој ги повика најбогатите светски економии да предводат во глобалните напори за запирање на климатските промени, а сиртомашните земји да преземат поголема улога во тие напори.

– Развиените земји мора да се договорат да застанат на чело на тие напори, а земјите во развој да преземат поголема одговорност, во согласност со своите можности, посочи Бан.

Претставниците на земјите-учеснички на Конференцијата во Париз во саботата го предадоа предлог-договорот на 48 страници, кој содржи голем број опции и им дава можност на министрите да се договорат за тоа што државите ќе направат за органичување на глобалното затоплување и колку тоа ќе чини.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата