Агресивна пропаганда на ИД во Индонезија

Од:

Портпаролот на индонезиската полиција денеска соопшти дека се уапсени тројца агитатори и организатори на групи за испраќање на жители од оваа држава, со претежно муслиманс муслиманско население, на боиштата во Ирак и Сирија.

Портпаролот Јулиус Абрахам рече дека безбедносните сили на Индонезија преземаат обемни акции за откривање на организаторите на групите, кои се почесто поставуваат постери и знамиња за пропаганда на групата Исламска држава (ИД) во училиштата, на прометни места, дури и на ѕидови на зградите на локалната управа.

Индонезиската полиција изрази загриженост и поради агресивната кампања за пропагирање на идеите на ИД на видео постови на социјалните мрежи, а за најголем дел од нив тврди дека се подготвувани во странство.

Најновите сознанија на полицијата во Индонезија се дека околу 1.500 граѓани на оваа 256 милионска држава се регистрирани дека биле или се учесници во борбите на страна на ИД. Тие што се вратиле, според полицијата, најчесто се обидуваат да регрутираат нови борци, а ги шират и идеите дека во Индонезија, Малезија и на југот на Филипините треба да се прогласат „калифати“.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници