Јувентус и Манчестер Сити ќе играат во дерби натпреварот од денешната програма во фудбалската Лига на шампиони. На средбата во Торино, гостите од Англија влегуваат со еден бод предност во однос на Јувентус, кој пак со триумф ќе го обезбеди својот пласман во нокаут фазата.
Другиот тим од Манчестер, екипата на Јунајтед гостува во Холандија кај ПСВ. Ова е меч од „Б“ групата каде претстои голема борба за едно од првите две места кои водат во следната фаза.
Двојки за денешните натпревари од 5.коло во Лигата на шампионите:
А група: Малме – Пари Сен Жермен и Шахтјор Донецк – Реал Мадрид (20:45 часот).
Табела: Реал Мадрид 10 бодови, ПСЖ 7, Шахтјор 3 и Малме 3.
Б група:ЦСКА Москва – Волфсбург (18:00) и Манчестер Јунајтед – ПСВ Ајндховен (20:45).
Табела: Манчестер Јунајтед 7 бодови, ПСВ Ајндховен 6, Волфсбург 6 и ЦСКА Москва 4.
Ц група: Астана – Бенфика (16:00) и Атлетико Мадрид – Галатасарај (20:45).
Табела: Бенфика 9 бодови, Атлетико Мадрид 7, Галатасарај 4 и Астана 2.
Д група: Борусија Менхенгладбах – Севиља и Јувентус – Манчестер Сити (20:45).
Табела: Манчестер Сити 9 бодови, Јувентус 8, Севиља 3 и Борусија Менхенгладбах 2.