Актуелниот шампион на АБА лигата Црвена звезда ја победи Сутјеска синоќа на гостувањето во Никшиќ со 70:62 во последниот натпревар од 11.коло на регионалното кошаркарско натпреварување.
На другите два дуела одиграни вчеравечер: МЗТ Скопје Аеродром – Задар 60:72 и Металац – Цедевита 79:81.
Табела: Будуќност 9-2 (победи-порази), Црвена звезда 8-3, Цедевита 8-3, Мега лекс 8-3, Задар 6-5, Крка 6-5, Игокеа 5-6, Унион Олимпија 4-7, МЗТ Скопје Аеродром 4-7, Цибона 4-7, Партизан 4-7, Тајфун 4-7, Металац 4-7, Сутјеска 3-8.