Две Палестинки нападаа Израелец со ножици

Од:

Израелската полиција соопшти дека две Палестинки со ножици нападнале еден Израелец на пазар во Ерусалим по што полицајците отвориле оган кон нив и убиле една од нив.

Портпаролката на израелската полиција Луба Самри изјави дека една жена е убиена, а друга е ранета. Брзата помош соопшти дека мажот не е потешко повреден.

Инцидентот се случил на фреквентна улица во центарот на Ерусалим.

Палестински напаѓачи убија 18 Израелци изминатите два месеци, претежно во напади со нож додека израелските безбедносни служби убија 88 Палестинци, од кои, според израелски извори 56 извршиле напади. Останатите се убиени во судири меѓу демонстранти и израелските сили.

Би можело да ве интересира

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН