Македонски државјанин шверцувал 1,5 килограм злато

Од:

Царината изутрината откри 1,5 килограми злато скриено во специјално направаен бункер во автобус кој сообраќал на реалција Истанбул-Гостивар.

Како што информира Царинската управа на Република Македонија, мобилен царински тим за рутинска контрола на патниот правец Велес-Скопје сопрел автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Истанбул – Гостивар, а претходно влегол во државата од Грција преку граничниот премин Богородица.

Заради немање соодветни услови за спроведување на детален преглед, автобусот со царинска придружба е насочен во царинската испостава Скопје 4 каде е извршено детално пребарување при што, под компресорот за клима уредот, во држачот е откриен специјално изработен бункер за криумчарење стока од каде се извадени 28 опаковки со 104 златни алки со вкупна тежина од околу 1,5 кг.

Македонски државјанин кој во автобусот вршел должност на стјуард изјавил дека златото е негово.

Случајот е предаден на Одделението за истраги кои во моментов вршат распит.

Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

(ВИДЕО) Македонската царина заплени цигари вредни девет милиони денари

На „Деве Баир“ откриен е шверц на две илјади парчиња медицински препарати

Горан Наумовски

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

На „Богородица“ запленета е златна плочка која беше сокриена во чевел

Горан Наумовски